Почетна Контакт
English Македонски Shqip
 
За Амбасадата
Активности
Права на детето
СОС телефон за деца и млади
Извештаи, Информатори
Дипломатски Кор на Амбасадата
Глобална кампања за образование 2006/7/8
Детски работилници
ГПМ Активности
Корисни Линкови
Публикации
Архива
Образование за мир
Глобална недела на акција 2009/2010
Градење култура на детско учество
Детство без насилство
Истражување за правата на детето, дискриминација и насилство
Водич за родители и наставници за заштита на децата од педофилија
Алтернативен извештај на невладините организаци кон државните извештаи за состојбата со правата на детето во Република Македонија
Алтернативен извештај за состојбата со правата на децата во Република Македонија подготвен од децата

Донирајте

075/14 34 24

донирајте 50,00 денари  

070/14 34 24

донирајте 100,00 денари

077/14 34 24

донирајте 100,00 денари

Ви благодариме!
Вашaтa донација ќе биде искористена за дневниот центар за деца на улица

Електронски информатор

Тука може да го симнете нашиот електронски информатор Бушавко бр. 38

 Преземи
  PDF 620 KB

"Сонувај" - химна на кампањата за поддршка на децата и младите жртви на сексуална злоупотреба


Музика, текст, аранжман и продукција: Александар Масевски Пеат: Александра Пилева, Браво Бенд, Gemini, Бени Шаќири, Мартин Србиновски, Деана Николовска, Next Time, Елена Петреска, Даниел Стојмановски, Мартин Вучиќ, Андријана Јаневска, Иле Спасев, Танја Б и Александар Масевски


Слушнете ја тука:


 погледнете го спотот тука!

_________________________

Ревизорско мислење за 2008 година

Тука може да го симнете ревизорското мислење 

Преземи
PDF 1220 KB

Децата учат..

Верзија за печатење
JPG 203 KB

 

Прва национална конференција за детско учество

 

  

Првата детска амбасада во светот Меѓаши организираше Прва национална конференција за детско учество, во вторник, 16 Март 2010 година во Младинскиот културен центар, кино Фросина, со почеток во 11:30 часот. Конференцијата беше дел од проектот Градење култура на детско учество, финансиран од Европската Унија, а кофинансиран од УНИЦЕФ.

Проектот Градење култура на детско учество започна во Декември 2008 година и опфати изработка на четири Алтернативни извештаи за состојбата со правата на децата во Република Македонија, од кои три беа изработени од Националната коалиција за правата на децата, а еден од самите деца. Овие извештаи беа презентирани пред Комитетот за правата на децата во Женева на 3 Март 2010 година.
 
  

Првата национална конференција за детско учество е прва од ваков вид во Македонија и е настан на кој децата го претставија процесот на подготовка на нивниот Алтернативен извештај, ги презентираа податоците од истражувањето кое го спроведоа за потребите на извештајот, главните заклучоци и препораки за подобрување на состојбата со правата на децата во Македонија, како и презентирањето на извештајот на посебна сесија со Комитетот за правата на децата во Женева. Конференцијата беше организирана и водена од самите деца, што претставува директна примена на детското учество во практика. 

  

На конференцијата збор имаше М-р Драги Змијанац, Извршен директор и основач на Првата детска амбасада во светот Меѓаши. Свое обраќање до публиката имаа и Неговата Екселенција г-н Ерван Фуере, амбасадор на Европската Унија, г-н Шелдон Јет, шеф на мисијата на УНИЦЕФ во Република Македонија, г-ѓа Невена Крушаровска, Заменик Народен правобранител, претставници од Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование и наука и г-ѓа Кети Јандријеска Јованова од Хелсиншкиот комитет за човекови права во Република Македонија.

На конференцијата присуствуваа претставници од амбасадите, општествени институции, локалната самоуправа, партнерски и други граѓански организации и медиуми.

 

За време на Првата Национална конференција за детско учество се оддржа аукција на која беа продадени предмети во вредност од 3340 денари. Овие средства ќе бидат искористени за формирање на фонд за поддршка на детското учество во Република Македонија. """


18 godini Megjashi - flash
Детските трауми тешко се лекуваат
НАЦРТ КОДЕКС ЗА НОВИНАРИ И МЕДИУМИ ПРИ ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СЛУЧАИ НА СЕКСУАЛНА ЗЛОУПОТРЕБА НА ДЕЦА И ПЕДОФИЛИЈА
Донирајте
Партнерства
Реакција по повод последниот случај на родосквернавење од страна на таткото од Велес врз неговите три ќерки
Правото на топол дом за децата најзагрозено во Македонија Драги Змијанац, извршен директор и основач на Првата детска амбасада „Меѓаши“.
Akzentmedia
Електронски информатор
bezbedno na internet
листа на подржувачи 2010
Во најновиот број на електронскиот информатор на Амбасадата БУШАВКО бр 37 (Јануари - Март 2010) можете да ги прочитате следните содржини:
Листа на подржувачи 2009
Kampanja
Препораки на Комитетот за правата на детето доставени до Владата на Република Македонија по основ Вториот периодичен извештај на Република Македонија за исполнувањето на обврските од Конвенцијата за правата на детето и иницијалните извештаи за факултати